Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОГА ПОЛИТИЧАРИТЕ ЗА ЛОШИТЕ СОСТОЈБИ ОБВИНУВААТ НЕИМЕНУВАНИ ЦЕНТРИ НА МОЌ, ВСУШНОСТ КОРИСТАТ НЕКОЛКУ PR ТЕХНИКИ“: Новинарот Блажевски вели дека станува збор за спин

„КОГА ПОЛИТИЧАРИТЕ ЗА ЛОШИТЕ СОСТОЈБИ ОБВИНУВААТ НЕИМЕНУВАНИ ЦЕНТРИ НА МОЌ, ВСУШНОСТ КОРИСТАТ НЕКОЛКУ PR ТЕХНИКИ“: Новинарот Блажевски вели дека станува збор за спин

Новинарот Иван Блажевски даде свое објаснување на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, со која тој обвинува надворешни центри за моќ кои не сакаат оваа влада да просперира.
Тој смета дека Мицкоски користел PR техники за односи со јавноста.
„Кога политичарите велат дека за лошите состојби се виновни неименувани „центри на моќ“, „невидливи раце“ или „надворешни фактори“, всушност станува збор за користење на неколку познати PR техники (техники за односи со јавноста):

1. Scapegoating (техника на жртвен јарец) – префрлање на вината врз некој друг (реален или измислен), за да се избегне лична одговорност.

2. Blame shifting (префрлање на вина) – намерно насочување на јавниот бес кон „надворешни сили“ наместо кон владата или политичарот.

3. Conspiracy framing (рамка на заговор) – оставање впечаток дека постојат „скриени центри на моќ“ кои ја контролираат ситуацијата. Ова често се прави без да се наведат имиња, за да остане ефектот на мистериозност и страв.

Во политичката комуникација со граѓаните ова најчесто се смета за форма на спин или дистракција, со цел јавноста да не се фокусира на реалната одговорност на властите, напиша тој.


Слично

Поврзани вести