Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koга почнуваме преговори со ЕУ?

Koга почнуваме преговори со ЕУ?

Вицепремиерот Бујар Османи по средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини најави почеток на преговорите со Република Северна Македонија годинава. 

Вели дека покрај засилувањето на европскиот моментум во земјава, ова ќе претставува и јасен сигнал за целиот регион – како позитивен пример и мотивација за затворање на отворените прашања низ дијалог, политичка отвореност и позитивен пристап. 

На средбата се отворени темите за процесот на проширувањето на Унијата, како и перспективите на Република Северна Македонија пред претстојниот извештај на Комисијата. 

„Република Северна Македонија веќе нема отворени политички прашања, и повторно го зазема централното место на Балканот, како главен партнер на ЕУ и НАТО во промоција на демократските и западните вредности во регионот“- изјави Османи. 

Тој ѝ ги пренесе на Могерини високите очекувања во земјава за напредок во европските интеграции оваа година. Османи вели дека се спроведуваат реформи од планот 18. 

Слично

Поврзани вести