Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога Орбан му ветил засолниште на Груевски?

Кога Орбан му ветил засолниште на Груевски?

Бегството и криењето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија не е изненадување за познавачите на врските меѓу режимот на Груевски и Виктор Орбан, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС. 

Виктор Орбан е единствениот странски политичар кој лично дојде во Македонија за да се сретне со Груевски, откако минатата година тој беше оставен без пасош. Орбан слета со својот приватен авион во Охрид и неколку часа разговараше со Груевски во пресрет на локалните избори што ВМРО-ДПМНЕ изгуби катастрофално. Според разни пишувања, тогаш Орбан го ветил засолништето и заштитата на Груевски.

Само неколку месеци по соборувањето на Груевски целиот медиумски простор контролиран Груевски дојде во рацете на Агнеш Адамик од Унгарија. 

Од трговскиот регистар во Скопје стана јасно дека таа е 100% сопственик на споменатите медиуми оваа пролет. 

БГНЕС дава детали за оваа медиумска шема и како таа функционирала.

фото БГНЕС

Слично

Поврзани вести