Кога можеме да очекуваме посуштински разговори со Бугарија?
По нова година премиерот Христијан Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија.
„Суштинско поместување во разговорите со официјална Софија за гаранции дека нема да има нови барања по уставните измени, може да се очекува дури по Нова година, и тоа како иницијатива на трети европски држави. Сепак за да се реализира тоа треба да има и притисок од некоја од посилна страна.Тоа бара посериозна акција од други центри на моќ“, рече Мицкоски.
Мицкоски сега возвраќа дека Разолуцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче ја чека веќе еден месец, но никако да стигне. Опозициската СДСМ пак, вели докуменетот мора да биде издражан, па бавно се подготвува. Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
