Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога може да примите вакцина против сезонски грип ако сте позитивни или сте го прележале корона вирусот

Кога може да примите вакцина против сезонски грип ако сте позитивни или сте го прележале корона вирусот

Постојат препораки кога може да се вакцинирате против сезонски грип, особено ако сте биле заразени со Ковид-19.

Експертите велат дека сега, повеќе од кога било, треба многу сериозно да ја сфатиме вакцинацијата против сезонски грип, со оглед на тоа што сега сме во епидемиска состојба на два сосема различни типа на вируси, кои предизвикуваат релативно слични симптоми.

Во Македонија досега нема пријавено ниту еден случај на заболен од сезонски грип, додека во светот генералната статистика е дека бројот на заразени е намален за повеќе од 15% од вообичаеното. Тоа е добра вест, но не значи дека нема сеознска инфекција.

Причини за вакцинација

Првата причина за вакцинација оваа година е тоа што според сите претходни статистички податоци, ко-инфекцијата на корона и вирусот на грип има многу полош исход од самоинфекцијата. Друга причина е што досега се објавени голем број студии за заштитните ефекти на вакцината против грип, особено кај повозрасната популација.

Сепак, што е со оние кои имаат или кои го прележале Ковид-19. Веќе е потврдено дека доколку некој е позитивен на корона вирусот, постои многу поголем ризик состојбата да му се влоши ако добие и грип.

Затоа, препораката за пациенти кои имаат поблаги форми на Ковид 19 е да останат во изолација  целосно да се опорават и да се повлечат сите акутни симптоми, а потоа да бидат безбедни за примање вакцина против сезонски грип.

Прочитајте го целиот текст на Е-клиника.


Слично

Поврзани вести