Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога може да очекуваме снег во Македонија?

Кога може да очекуваме снег во Македонија?

За викендот во Македонија ќе преовладува облачно време, во попладневните часови со врнежи од дожд, а на планините со снег.

Повеќе врнежи ќе има во недела попладне, особено во западните делови.

Кон крајот на денот во недела врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.

Во понеделник наутро ќе има провејување на слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер.

Слично

Поврзани вести