Koга може да очекуваме реконструкција на Влада?
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека до крајот на април се очекува да заврши реконструкцијата на Владата.
За тоа дали министерското место за правда ќе остане за ДУИ, Заев рече дека преговорите за тоа прашање се во тек.
„Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со ново решение за министер за правда. Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место – министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија“ – вели Заев.
Веќе извесен период се зборува дека ќе има реконструкција на Владата.
