Кога македонската и косовската Влада ќе имаат заедничка седница?
Владите на Македонија и на Косово наскоро ќе одржат заедничка седница.
„Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи вчера на владина седница беше назначен за координатор за седницата и тој заедно со заменик-претседателот на косовската Влада треба да го одредат датумот за одржување на седницата“- информираше денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа.
Тогаш ќе бидат потпишани повеќе договори за зајакнување на соработката во железничкиот сообраќај, дијаспората, одбраната, иновациите, културата, економијата.
Македонската Влада досега заеднички седници одржа со Владите на Бугарија и Албанија.
Слично
