Кога Македонија ќе ги отвори границите?
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска брифираше дека следната недела Владата ќе донесе конечна одлука за тоа кога ќе се отворат границите.
Вели дека датумот не е фиксен, но консултации со соседните земји, Албанија, Косово, Бугарија и Грција биле во тек.
Можно е отворањето на границите да се случи на 15 јуни.
Премиерот Оливер Спасовски очекува државите од регионот наскоро да постигнат договор за отворање на границите.
Спасовски е во постојана комуникација со своите колеги од соседните држави со кои се разговара за отворање на границите.
Вели дека ако се отворат границите, економијата ќе доживее експанзија.Во регионот, се регулираат правилата за патување.
Владата на Хрватска најави отворање на своите граници.
Слично
