Кога Македонија ќе ги исполни критериумите за влез во ЕУ?
Македонија најбрзо од земјите-кандидати за членство во Европската унија ќе ги исполни критериумите за влез, во 2023 година.
Ова се резултатите од истражувањето, кое го спроведоа професорката по компаративно политика на Школата за економски и политички науки на Универзитетот Сент Гален во Швајцарија, Тина Фрејбург и Тобиас Бохмелт, професор од Универзитетот во Есекс.
Факторите, кои може да доведат до забрзување на процесот, според нив може да дојдат во форма на политички промени, како неодамнешниот трансфер на моќта во рацете на проевропската Влада во Македонија.
Србија и Турција ќе ги исполнат критериумите по 2030 година, а Албанија и Босна и Херцеговина критериумите нема да ги исполнат пред 2050 година.
Во студијата е разгледан капацитетот на кандидатите да бидат комплементарни со масовниот ЕУ аки (aquis communautaire), во кој се содржани примарните услови за текот на преговорите и конечното обезбедување на членството.
Истражувачите за прогнозата како репер ја зедоа рундата проширување од 2004 година, а резултатите покажаа дека само една земја од сегашните и потенцијалните кандидати целосно ќе ги исполни критериумите за влез во Унијата, Македонија и тоа 2023 година.
Црна Гора и покрај тоа што се смета за земја од Западен Балкан со најголеми шанси за брз влез, не беше вклучена во анализата, поради недостиг на податоци.
Истражувачите велат дека и покрај тоа што патот до ЕУ е еден зацртан строг бирократски однапред познат процес во однос на правилата, кои треба да се почитуваат, сепак тој е отворен за најразличен вид влијанија, кои можат да го сменат тајмингот на кандидадите од Западен Балкан во однос на нивниот прогрес.
Влошувањето на состојбата на демократските институции во Турција може да предизвика замрзнување на процесот на проширување на неколку години.
