Кога Македонија ќе добие воен претставник за НАТО?
Нашата земја уште нема воен предстваник во НАТО откако претседателот Стево Пендаровски го поништи указот на екс претседателот Ѓорѓе Иванов со кој генералот Мирче Ѓоргоски се постави на функцијата која била непополнета и неколку години пред тоа. Човек за оваа позиција уште се бара.
Ѓоргоски воопшто не замина во Брисел, затоа што министерката за одбрана Радмила Шекеринска го искористи правото да не го испрати на должноста. Причина беше тоа што претходниот претседател го објави указот за неговото именување во период по распишувањето на претседателските избори, за што реагираше и Антикорупциската комисија.
Слично
