Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен?

Кога ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен?

По два циклуси на немање нови случаи ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен. 

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи уверување дека ситуацијата со коронавирусот во Македонија ќе има позитивно сценарио.

„Мора граѓаните да ги почитуваат сите овие мерки. Механизмот е тој, да после два циклуса на инкубација, практично сметаме дека вирусот повеќе не е никаде околу нас. Значи, тие кои биле заболени целосно оздравеле после процесот на лекување, а го нема ниту, пак, на површините и тоа е таа логика зошто се препорачува социјална дистанца, зошто инсистираме на почитување на овие одлуки, да нема движење надвор и нормално заштита на ризичните категории“, рече министерот.

За набавката на респираторни машини, рече дека постапката е прекината и дека ќе биде повторно започната. 

Слично

Поврзани вести