„Кога ќе ве прашат вашите деца што сте направиле за нив додека лежат на клиника што ќе речете“: граѓаните гневни поради загадувањето
Револтот поради загадувањето низ скопските наслеби Ново Лисиче, Аеродром, но и делови од Гази Баба, Киселава Вода и Драчево најголем дел од граѓаните го искажаа на социјалните мрежи.
Особено доминантни се пораките кои граѓаните ги оставаат во Фејсбук групата „Стоп за смрдеата во Ново Лисиче и Аеродром - воздух сега“. Таму голем број граѓани споделија фотографии од апликација за мерење на квалитетот на воздухот, од каде е видливо дека најголема штета од тивкото горење на депонијата Дрисла и дивата депонија Вардариште има токму врз споменатите населби.

Една од објавите во оваа група апелираше за поголема масовнсот на протестите кои со денови се оддржуваат пред мостот Близнак меѓу населбите Аеродром и Гази Баба.
- Дијаграмот со вредости од загадувањето за изминатата ноќ, ист како да е декември и февруари.Во сертември нема топлана, кумбиња, ниту екстремен
собраќај, а да не зборувам за магли и ниски темератури во котлината.Јасно е дека не трујат од Вардариште, Дрисла и Усје но незнам зашто сезонава се почнати порано.
Свестете се мили мои сограќани, институции во оваа држава не постојат, битките ќе мора сами да ги биеме.
Не седете дома не чекајте други да решаават за вашето здравје и квалитет на живот. РАЗБУДЕТЕ СЕ, сите на протест во 18ч.
Кога ке ве прашат вашите деца што сте направиле вие за нив додека лежат на клиника што ќе речете "затварав прозори".
Мора да почнеме од некаде , нека е ова почетокот ,овој протест дава искра надеш за понатаму - пишува во објавата на Фејсбук.
Меѓу бројните објави имаше и такви кои споделија нови фотогафии од утрово, токму од населбите кои се најмногу засегнати, но и такви кои со конкретни докази покажуваат како загадувањето се шири.

Фото: Фактор
