„КОГА ЌЕ ТИ СЕ ПОМЕША СЕ ВО ГЛАВАТА, И ЗНАМЕ НА ВЕРГИНА И НА ЧЕ“ - Најчевска за активистите на Левица
Деновиве во јавноста интерес предизвика фотографија која осамна на социјалните мрежи, која покажува како активисти на партијата Левица, која по својата идеологија е изразено лево ориентирана партија, се сликани пред црква, со знамиња на Вергина и Че Гевара.
Кај многумина тоа предизвика реакции дека дел од активистите на Левица можеби малку се дезориентирале, и не знаат која е нивната изворна идеологија.
На оваа фотографија реагираше и професорката Мирјана Најчевкса, споделувајќи ја на социјалната мрежа фејсбук.

„Кога ќе ти се помеша се во главата, па знамето од Вергина заедно со знаме со Че и левица пред Црква и црни маици и ...“, напиша професорката на свој пост на фејсбук.
Слично
