Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога ќе стартува кампањата за локалните избори?

Кога ќе стартува кампањата за локалните избори?

Кампањата за локалните избори закажани за 15 октомври почнува на 25 септември. 

Државната изборна комисија денеска на седница го усвои роковникот за локалните избори за членови на советите на општините и на град Скопје, градоначалници на општините и на главниот град.

Јавниот увид во избирачкиот список почнува на 21-ви август и ќе трае до 9-ти септември. Рокот за собирање на потписи за листи на независните кандидати за советници и градоначалници е од 21-ви август до 4-ти септември. Политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9-ти септември.

На седницата усвоени се и барањата до МВР и до Министерството за информатичко општество за доставување на податоци кои се потребни за креирање на избирачкиот список, како и за пополнување на составот на изборните органи.

Локалните избори ќе се одржат на 15-ти октомври, а вториот круг би се одржал на 29-ти октомври.

Собранискиот претседател, Талат Џафери вчера точно напладне го потпиша решението за распишување на локалните избори. 

Toj апелираше до сите учесници да се однесуваат во согласност со Уставот и законските одредби, а институциите да обезбедат изборите да протечат во мирна, фер и демократска атмосфера како што заслужуваат граѓаните. 

Слично

Поврзани вести