Кога ќе се знаат кадровските измени во Владата?
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во вторник, по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат соопштени кадровските решенија и промените на ресорите во рамки на претстојната владина реконструкција.
„Понекогаш рекунстукцијата се прави затоа што се менуваат приоритетите. Можеби тие приоритети пред две години имале една форма, после две години имаат друга форма и логично е да владините коалициони партнери во овие две години да ги искатализираа сопствените приоритети онаму кај што можат најмногу да допринесат. Мислам дека оваа реконструкција ќе биде во тој дух“, изјави Мицкоски за МТВ.
Сè уште не е одлучено дали реконструкцијата ќе опфати една третина или повеќе од владините позиции.
Слично
