Кога ќе се одработи Денот на дрвото?
Неработниот ден од акцијата Ден на дрвото која се одржа вчера ќе се одработува следната година.
Оваа одлука ја донела Владата на седницата одржана на 25 ноември. Сепак, конкретниот датум, кога ќе биде одработен вчерашниот ден, ќе биде дополнително прецизиран.
„На седницата одржана на 25 ноември 2016 година, Владата донесе одлука 30 ноември 2016 година да биде прогласен за неработен ден и да биде посветен на акцијата Ден на дрвото. На истата седница беше утврдено работниот ден за одработување акцијата да биде во текот на следната година и беше заклучено одлуката за конкретниот датум да се донесе дополнително во следниот период. По носењето на конкретната одлука, Владата соодветно ќе информира“- информираат од Владата.
Вчера се одржа акција за пошумување во цела Македонија.
