Кога ќе се обелодени колку Македонци добиле бугарско државјанство незаконски?
Уапсено е дел од раководството, вклучувајќи го и претседателот и главниот секретар на Државната агенција за Бугарите во странство.
Ова го изјави Иван Гешев, заменик-јавен обвинител, пренесе Бгнес.
Тој укажа дека истрагата е во тек. Детали ќе бидат дадени рано утре, 31 октомври.
Станува збор за организирана криминална група која се занимавала со документи, измами и мито.
Истрагата е започната по сигнал добиен во Комисијата за спречување на корупцијата и за одземање на нелегалниот имот, пред околу четири месеци.
На луѓе од Украина, Молдавија и Македонија, им се издавани невистинити документи за бугарскио потекло. Така, без да имаат право на тоа, тие добиле бугарско државјанство и слободно движење на територијата на целата Европска Унија. Допрва ќе се пресметува колку е профитот, како и колку граѓани на Украина, Македонија и Молдавија незаконски добиле бугарско државјанство.
фото Бгнес
