Кога ќе се носи одлука за екстрадиција на Грујевски и Бошковски?
Судот во Солун во петок ќе донесе конечна одлука, дали бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе бидат екстрадирани во Македонија.
Денешното судење траеше скоро пет часа и беше прекинувано неколку пати, по барање на Советот на судии кој одлучуваа. На барање на адвокатите од Грција кои ги застапуваат Грујевски и Бошковски во судот во Солун сведочеше професорот Александар Даштевски. Тој на судиите им објаснил каква е улогата на Специјалното јавно обвинителство, кои се нивните ингеренции, какви предмети застапува, но бил консултиран за став и како експерт по човекови права.
Ова е втор пат како Грујевски и Бошковски пред судиите во Солун објаснуваат зошто не треба да бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи стравуваат дека нема да има фер судење.
Тие се обвинети за незаконско прислушување во случајот на СЈО, „Тврдина“ и „Таргет“, и беа уапсени од грчката полиција на 18 октомври, кога се обиделе да заминат од аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши.
