Кога ќе се изгласа нова Влада?
Нова Влада земјава ќе добие до 17-ти јануари.
Ова го потврди собранискиот претседател Талат Џафери.
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски утре од претседателот на државата Стево Пендаровски ќе го добие мандатот за составување на Владата. Џафери смета дека предлогот во парламентот ќе стигне по божиќните празници. Утре во 13 часот Пендаровски ќе му го врачи мандатот на Ковачевски.
Дел од министрите веќе најавија дека нема да бидат дел од новата Влада.
Слично
