Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога ќе се формира собраниското тело за помирување за „крвавиот четврток“?

Кога ќе се формира собраниското тело за помирување за „крвавиот четврток“?

Се очекува од понеделник да се пристапи кон формирање на собраниско тело за помирување. 

Ова го најави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов. Ова собраниско тело ќе води до помирување меѓу пратениците во однос на она што се случи на 27 април минатата годин. 

Други детали засега нема за ова тело. 

Обвинетите за насилството во Собранието во прогласот до јавноста рекоа дека прифаќаат национално помирување и обединување.

На 27 април лани или попознато како „крвавиот четврток“, имаше упад во Собранието на денот кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, при што беа тепани пратеници. Со сериозни повреди се здоби Зијадин Села од Алијансата за Албанците. 

Неодамна премиерот Зоран Заев повика на помирување за 27 април. 

Слично

Поврзани вести