„КОГА ЌЕ РЕЧЕШ: КРАДАТ АМА ГРАДАТ, ГО ОТВАРАШ ПАТОТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ“: професорката Најчевска остро 'до нас е и од нас зависи'
Кога ќе речеш: крадат ама со усул, го отвораш патот за трагедијата во Кочани.
Кога ќе решеч: крадат ама градат, го отвораш патот за трагедијата во Кочани.
Со овие зборови го почнува својот последен пост професорката и експертка за човекови права Мирјана Најчевска на социјалните мрежи. Нејзините зборови упатуваат на многубројни грешки кои ги направиле голем број луѓе.
- Кога ќе речеш: па и јас да сркнам малку од медот, го отвораш патот за трагедијата во Кочани.
Кога ќе речеш, па што ако не ги почитувам правилата кога сите прават така, го отвораш патот за трагедијата во Кочани.
Кога ќе речеш, ај запосли ми го детето иако не ги исполнува условите, го отвораш патот за трагедијата во Кочани.
Кога ќе побараш наставничката да ги поправи оценките на твоето дете без да ги заслужи, го отвораш патот за трагедијата во кочани.
Кога ќе гласаш за градоначалникот кој ќе ти заврши работа, го отвораш патот за трагедијата во Кочани.
Кога гласаш за партија а не за конкретен човек, го отвораш патот за трагедијата во Кочани.
Не може да постои корумпирана власт без корумпирани граѓани.
Не може да постои корумпирано образование без корумпирани родители.
Не може да постои корумпиран градоначалник без корумпирани бизнисмени.
До нас е.
И од нас зависи - заклучува Најчевска
