Кога ќе почне масовната имунизација?
Додека се чекаат илјадници дози вакцини од различни производители да пристигнат во земјава, надлежните најавуваат масовна имунизација.
Април и мај се очекуваат нови колични на вакцини, а здравствените власти апелираат граѓаните да се пријавуваат за вакцинација.
За масовно вакцинирање на 5000 граѓани дневно се подготвува салата „Борис Трајковски“ .
Сепак, додека да стартува имунизацијата на населението, бројките на нови случаи со ковид19 не спласнуваат.
Вчера регистрирани се 1.402 нови случаи на коронавирус, а други 29 лица починаа како резултат на инфекцијата.
Новиот број на заразени е потврден со 3.978 тестови во претходните 24 часа и 35,24 проценти од испитаните биле позитивни.
Досега, 3.810 лица починаа од коронавирус, дијагностицирани се 131.424, а активни се 19.874.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека се опоравиле уште 761 пациент, така што вкупниот број на излекувани пациенти се зголемил на 107.740.
