Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koга ќе може да се вози по автопатот Демир Капија - Смоквица?

Koга ќе може да се вози по автопатот Демир Капија - Смоквица?

Министрите вчера на седница на Влада ја разгледаа и ја усвоија Информацијата за прогресот на активности во реализацијата на Акцискиот план за проектот „Изградба на автопат Демир Капија – Смоквица”.

Автопатот ќе се пушти во употреба кон средината на следниот месец, соопштија од Владата. 

„Финализираат работите на автопатот Демир Капија – Смоквица. Оваа делница од автопатот ќе биде пуштена по 15 април“– вели портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Во 2012 година започна изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица на Коридор 10 во должина од од 28,2 км. Вкупната инвестиција е околу210 милиони евра, средства обезбедени од ИПА и буџетот на Република Македонија. Вкупен прогрес на градежните работи е 77,46%. 

Слично

Поврзани вести