Кога ќе има првични резултати од загаденоста на воздухот во Трубарево?
За една недела ќе има првични резултати од загаденоста на воздухот во Трубарево.
Научниците истражувачи од лабараторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад. Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски вели дека поставени се два уреди, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет денови ќе земаат проби од честичките кои подоцна ќе бидат анализирани.
Едната мерна станица се наоѓа на педесеттина метри, а втората е на стотина метра од складиштето за рециклирање на електронски отпад и пластика, на компанијата Ф-Групација во Трубарево, кое изгоре во саботата.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска повика на итна одговорност и оставки од министерот за здравство Азир Алиу и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски поради, како што рече, несоодветното справување со пожарот во депонијата во Трубарево и загрозувањето на здравјето на граѓаните.фото принтскрин
