Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога ќе има одлука за имунитетот на Вељаноски?

Кога ќе има одлука за имунитетот на Вељаноски?

На пленарна седница пратенциите ќе одлучуваат по барањето на Кривичниот суд да му се одземе имунитетот на пратеникот и поранешен претседател, Трајко Вељаноски. Тој е еден од шесте осомничени за организирање на нападот на Собранието на 27 април 2017 година.

Комисијата за мандатно- мунитетни и деловнички прашања, чиј претседател е Павле Богоевски, а во неа членува и Трајко Вељаноски, по дводневна расправа, не донесе одлука. Гласањето беше изедначено, четири „за“ и четири „против“. На гласањето, отсуствуваше пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири.

Вељаноски заедно со екс министрите, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во средата беа приведени на распит поради сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април. Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на Јанакиески и Ристовски им беше одредена мерка притвор. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека се работи за политички прогон. 

Слично

Поврзани вести