Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога ќе има лидерска средба?

Кога ќе има лидерска средба?

Премиерот Зоран Заев очекува скоро да седне на заедничка маса со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, но и со останатите политички лидери.

Ќе бараат договор за Изборниот законик, пописот и Законот за јавното обвинителство. 

Заев вели дека за Законот за јавно обвинителство неопходен е напредок, со цел  статусот на Специјалното јавно обвинителство да биде решен до крајот на месецот.

Заев лидерската средба ја најави пред околу еден месец, но таа досега не е реализирана.

Разговорите околу Законот за СЈО се замрзнати, а спорен и натаму останува членот 105 кој се однесува на рокот на отворање предмети. 

Слично

Поврзани вести