Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОГА ЌЕ ИМА ЦРНО КОРОНА СЦЕНАРИО - есента или во јануари, никој не може да предвиди

КОГА ЌЕ ИМА ЦРНО КОРОНА СЦЕНАРИО - есента или во јануари, никој не може да предвиди

Кога може да се случи црното корона сценарио? Дали во подоцните есенски месеци, или, пак, во јануари идната година. Тоа би значело да има голем број заразени со ковид-19, а притоа да букне и сезонскиот грип, што ќе биде тешко за распознавање.

Нашите власти велат дека се подготвени, а за можниот есенски бран, за 16 те монтажни болници ќе имаат мало задоцнување и би биле готови за два месеци.

„Доколку се случи некое такво сценарио, тоа што е сега таква проценка треба да биде во во јануари. Ова сегашно намалување и одржување на состојбата со бројот на заразени се должи на летните месеци. Меѓутоа голем број предвидувања и кај нас и во светот не се оствариле имајќи во предвид дека имаме работа со непознат вирус“, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

За да се разграничи кои лица имаат ХОББ и алергии, а кои корона, ќе помогне новиот апарат на клиниката за пулмологија, ќе може да се направи брзо тестирање. Таков апарат се предвидува да има и на Клиниката за инфективни болести. 

Слично

Поврзани вести