„Кога ќе го уништиш правосудниот систем и образованието создаваш најпогодна почва за освојување“: Најчевска со остра критика
Кога ќе го уништиш правосудниот систем и ќе го уништиш образованието создаваш најпогодна почва за освојување на просторот од страна на луѓе кои немаат ниту интелектуални предизпозиции ниту пак елементарно знаење.
Ова го истакнуваа професоракта и општествен критичар Мирјана Најчевска во објава на нејзиниот фејсбук профил. Таа реагира на објаснувањето на премиерот Христијан Мицковски за најавените законски промени во образованието, кои гој ги нарече построги, но според неа, се носат бесмислени критериуми.
- Ништо не си разбрал.
Никој не се буни против построги критериуми туку против бесмислени критериуми кои ја замаглуваат сликата и овозможуваат и такви како тебе да станат професори.
ДПМНЕ го уништи високото образование и немуштите кадри без трунка знаење и интелектуален капацитет сега продолжуваат да создаваат хаос кој ќе обезбеди опстојување на корупцијата и напредување на најнесоодветните кадри.
Кога ќе го уништиш правосудниот систем и ќе го уништиш образованието создаваш најпогодна почва за освојување на просторот од страна на луѓе кои немаат ниту интелектуални предизпозиции ниту пак елементарно знаење - ДПМНовци - нагласува Најчевска.
