Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОГА ЌЕ ГО СОБЛЕЧАМ КОСТУМОТ НА МИНИСТЕР, СТАНУВАМ ОБИЧЕН ГРАЃАНИН - Бесими се огласи за играњето фудбл кај Груби

КОГА ЌЕ ГО СОБЛЕЧАМ КОСТУМОТ НА МИНИСТЕР, СТАНУВАМ ОБИЧЕН ГРАЃАНИН - Бесими се огласи за играњето фудбл кај Груби

Во интервју за ТВ21 министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека тој во минатото играл фудбал и дека после работниот ден, како и секој човек, си наоѓа хоби.

„Спортот е добар за здравјето. Јас сум играл фудбал во училиште. Го следев и светското првенство. На крајот од денот кога ќе го тргнам овој кстум како министер, станувам обичен граѓанин како и секој. Граѓаните можеби реагираа што не видоа во една невообичаена улога. Јас затоа сакам да упатам и порака дека секој министер, премиер, политичар е и обичен човек, и има исти емоции и грешки како и секој човек. Она што е важно е тоа што ние сме 100 отсто посветени на граѓаните, а имаме право да се релаксираме како секој обичен човек“, рече Бесими.

Настанот кој предизвика бурни реакции во јавноста се случи во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, кде неколку министри играјќи фудбал се ослободуваа од стресот, како што и соопштија на јавноста.

Слично

Поврзани вести