Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе го преземам ВМРО-ДПМНЕ, тврди Митко Јанчев

Ќе го преземам ВМРО-ДПМНЕ, тврди Митко Јанчев

Кога ќе го преземам ВМРО-ДПМНЕ, партијата ќе се движи во поинаков правец што ќе значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој граѓанин, изјави Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, во интервју за „Фокус“. 

По епилогот од предвремените парламентарни избори, тој јавно му порача на лидерот Христијан Мицкоски дека е време да се повлече од функцијата. Причината за слабите резултати ја лоцира во непрепознатливоста на политиките на опозицијата за граѓаните за кои, исто така, вели дека не можат да се идентификуваат во претседателот и актуелното раководство.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе дочека подобри денови, кои всушност ги чека одамна. Оваа ситуација не може да биде вечна. На луѓето веќе им е смачено од сите притисоци и тапкањето во место. Потребна е целосна промена, со демократски ставови, со различни мислења, со различни совети од сето тоа на крај да умееме да го извлечеме најдоброто. Едноумието не не води кон успех, премногу субјективно размислување не носи чекор назад“, вели Јанчев. 

Тој укажува дека Мицкоски го сметал за конкуренција и затоа го разрешил од потпретседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ. Според Јанчев, оценката на Мицкоски дека тој е потрошен кадар е доказ потценувачкиот однос што го има Мицкоски за своите сопартијци и е потврда за неговата неспособност како лидер на најмоќната опозициска партија.

Слично

Поврзани вести