Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Кога ќе ги прашаат грчките политичари дали во Грција е напишано уставното име на МК“: Трајкоска за заканите од соседите

„Кога ќе ги прашаат грчките политичари дали во Грција е напишано уставното име на МК“: Трајкоска за заканите од соседите

Грција ќе ги ратификувала 3-те меморандуми кога ќе видела дали новата влада во Македонија го користи името Северна...

Па претходната влада од уста не ја извади Северна, што не ги ратификуваа до сега, последниве 3-4 години...на пример?!

Абе еден знак на граница да стават со Северна, наместо Скопиа....

Со овие зборови деновиве на социјалните мрежи се огласи Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии.

Таа посочи дека е сосема очекувана реакцијата на грците, но се чуди зошто нашите политичари се вознемирени од некорисењето на Северна па дури се загрижени за нивните реакции.

- Туку, ај за Грците е очекувано, па и прифатливо, туку овие нашиве што сега коси кубат за некористењето на Северна и длабоко се вознемирени оти Грците се вознемириле, е нив не ги разбирам. 

Еве, ќе ги разберам кога ќе ги прашаат грчките политичари зошто до сега не се ратификувани т.н. протоколи во времето на Заев и компанија и дали некаде во Грција е напишано уставното ново име на МК и како ни се обраќаат нам, на Македонците.

Кога се правиш на сила будалетинка...

Аман од поробен ум... - напиша Трајкоска.

Еве ја нејзината објава: 


Нејзината објава сосем очекувано предизвика лавина од реакции:


Слично

Поврзани вести