Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kога ќе дознаеме дали ќе имаме и парламентарни избори?

Kога ќе дознаеме дали ќе имаме и парламентарни избори?

Иако денеска требаше да се знае дали заедно со претседателските, ќе има и предвремени парламентарни избори, сепак и денеска нема да има одговор на ова прашање. 

СДСМ ја одложи седницата на Извршниот одбор која требаше да се одржи денес, поради отсуството на некои министри од државата.

Во ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека владејачката партија намерно ја одолговлекува одлуката за избори со цел за да избегне двојни избори и формирање на техничката Владата. Минатата недела ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието, но таа засега не е ставена на дневен ред.  Од Алијанса за Албанците по одржување на Централно раководство во Тетово синиоќа побараа одржување на предвремени избори. 

Според НСДП во овој период предвремени парламентарни избори се непотребни. 

Претседателските избори се очекува да биде распишани на 8 февруари, а првиот круг да се одржи на 21-ви април.

Слично

Поврзани вести