Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОГА ЌЕ ДОЈДЕШ КАКО ГОЛТАР НА ВЛАСТ, А ЌЕ ИЗЛЕЗЕШ БИЗНИСМЕН“: Најчевска наброја што точно спаѓа под злоупотреба на службена должност

„КОГА ЌЕ ДОЈДЕШ КАКО ГОЛТАР НА ВЛАСТ, А ЌЕ ИЗЛЕЗЕШ БИЗНИСМЕН“: Најчевска наброја што точно спаѓа под злоупотреба на службена должност

Професорката Мирјана Најчевска дефинираше што е тоа злоупотреба на должност, откако ОЈО и МВР уапсија петмина за мито и корупција.

„Што е злоупотреба на должноста заради која треба да се лежи во затвор само ако некогаш во некој момент на местото Јавен обвинител дојде човек...

1. Кога ќе го затрупаш градот со ѓубре за да можеш да се пофалиш дека си го исчистил

2. Кога ќе се договориш со приватните превозници да не пуштаат автобуси па ќе ги пуштат кога ќе ја освојиш власта во градот.

3. Кога ќе дојдеш како голтар на власт а ќе излезеш како бизнисмен.

4. Кога ќе влезеш како бизнисмен во власта и ќе го триплираш богатството.

5. Кога ќе ги смениш сите закони за да го озакониш сопствениот криминал.

6. Кога го распродаваш државното и од тоа вадиш лична корист.

7. Кога кога си на власт магистрираш, докторираш, а богами и дипломираш.

8. Кога доделуваш државни пари без јасен критериум.

9. Кога патуваш во странство со свита од десет луѓе меѓу кои се: личен фотограф, членови на семејството или моментални швалери/швалерки, држаш на пенкалото и држач на тефтерчето, ликови кои доаѓаат заради правична застапеност, ...

10. Кога се закануваш на обични граѓани и/или им наметнуваш 15-30% рекет за кој сите знаат, а никој не го спомнува“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести