Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koга ќе биде пуштен во употреба автопатот Скопје - Приштина?

Koга ќе биде пуштен во употреба автопатот Скопје - Приштина?

Најдоцна за пет дена, пред 1. јуни, ќе биде пуштен патот Приштина-Скопје, на потегот Качаник-Генерал Јанковиќ. 

Набргу потоа ќе се отвори уште една делница на автопатот „Арбен Џафери“, која ќе ја поврзува Приштина со граничниот премин Блаце на границата со Македонија, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Заменик министерот за инфраструктура на Косово Реџеп Кадриу, во интервју за телевизијата КТВ, кажа дека на реконструкцијата на магистралниот пат Качаник-Генерал Јанковиќ се работи интензивно во две смени, додека многу бргу се очекува и пуштање во сообраќај на делницата Урошевац-Качаник од автопатот „Арбен Џафери“.

Тој објасни  дека работите на изградбата на автопатот до границата со Македонија ќе завршат пред крајот на годинава.

Магистралниот пат меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ беше затворен на 8. мај, за да се расчистат местата на кои има одрони. 

Слично

Поврзани вести