Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога ќе бидат познати замениците на Мерко и Таравари?

Кога ќе бидат познати замениците на Мерко и Таравари?

Премиерот Зоран Заев најави дека следната недела ќе има состаноци со претставници на партиите од владината коалиција на кои ќе се разговара за пополнување на испразнетите министерски места и за можното проширување на парламентарното мнозинство.

Станува збор за две испразнети министерски места, на Арбен Таравари, досегашниот министер за здравство и новиот градоначалник на Гостивар и  на Рамиз Мерко, новиот градоначалник на Струга и поранешен министер без ресор, одговорен за странски инвестиции.

Заев изјави деновиве дека состаноците ќе се одржат во духот на проширување на парламентарното мнозинство, со сите партии и независни пратеници кои се подготвени да бидат дел од мнозинството за големите промени.

Од Алијансата за Албанците велат дека ќе бидат дел од реформската влада и дека нема да го напуштат парламентарното мнозинство до остварување на ветувањата што ги дадоа на своите гласачи за време на кампањата, а тоа е членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Претходно, од Алијансата за Албанците изјавуваа дека се незадоволни од тоа што СДСМ директно ги поддржа кандидатите за градоначалници на ДУИ на локалните избори. Зијадин Села упати остри зборови кон Заев. Рече дека во неговата Влада тој нема да биде министер. 

Слично

Поврзани вести