Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога Грците планираат да постават табли со новото име на нашата земја?

Кога Грците планираат да постават табли со новото име на нашата земја?

Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт, Кристос Спирцис денеска при посета на земјава, изјави дека патоказни табли со новото име Северна Македонија во Грција може да остават „неубави впечатоци“.

Објаснува дека патоказните табли со новото име на земјава – Република Северна Македонија во Грција не се поставени затоа што тоа може да остави некои „неубави впечатоци“. 

„Жално би било ако по поставувањето на таблите одредени кругови се обидат да ги уништат“, рече Спирцис по средбата со неговиот македонски колега Горан Сугарески. 

За тоа дали во знак на добра волја, постои простор за промена на името на аеродромот Македонија во Солун, Спирцис само кусо одговори дека „нема шанси“.

Во Грција сѐ уште стојат патните табли со назнака ФИРОМ, иако со Договорот од Преспа нашата земја е преименувана во Република Северна Македонија. 

Слично

Поврзани вести