Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат“: СДСМ со остра критика по најновите одлуки

„Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат“: СДСМ со остра критика по најновите одлуки

По Груевски, слободен е и Латас - јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството, посочуваат од опозициската политичка партија СДСМ. 

- По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението.

Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството.

Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат.

Кога е во прашање политички неистомисленик или критичар на режимот, тогаш Обвинителството е многу ревносно и ефикасно - наведуваат од СДСМ.

Потоа додаваат дека ова е токму она што го спречува европскиот пат на Македонија и укажуваат дека Европската унија бара независно судство и независно обвинителство.

- Додека Мицкоски има контрола врз тоа кој ќе биде гонет, а кој ќе биде заштитен, Македонија не може да напредува кон ЕУ.

Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе.

Ова не е правна држава. Ова е систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот - нагласуваат од партијата. 


Претходно денеска посебна пресконференција имаше и портпаролката на партијата,  Богданка Кузеска која укажа дека случувањата во судството деновиве се доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта.

- Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството?

Се потврди сѐ.

Зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и да се спаси Никола Груевски.

Поранешната обвинителка Ленче Ристовска откри шокатни детали дека предметот бил одложуван и развлекуван.

Обвинителството не се спротивставило ниту кога ВМРО побарало одлагање на рочиште иако нивното присуство не било законски задолжително.

Сите овие одлагања довеле предметот да влезе во рокови што практично не му оставаат време на Апелациониот суд мериторно да одлучува.

Ова се исклучително сериозни обвинувања од обвинителката која со години го водеше предметот. Ова е вистината.

Дополнително, и самата судијка што го водеше предметот укажа на недоследности кај Обвинителството и на тоа дека ново назначениот обвинител не го прилагодил обвинението по измените на Кривичниот законик.

Сѐ е јасно како ден - нагласи Кузеска. 

Таа додаде дека контролиранаото судство на Мицкоски ја спречи конфискацијата на имотот на ВМРО и го спаси Никола Груевски.

- Затоа Ристовска беше тргната од предметите и ѝ беа одземени овластувањата. Јавно беа таргетирани судии и обвинители кои работеа на „Талир 1“ и „Талир 2“.

Власта го смени јавниот обвинител, постави обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков, позната од бомбите. Менуваше и назначуваше судии блиски до власта и до Мицкоски.

Мицкоски јавно им делеше задачи на обвинители и судии од собраниската говорница, преку телевизија и преку телефон.

Еве го денес резултатот од таквото партизирано правосудство.

Никола Груевски е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО повторно е во рацете на партијата - потенцираше Кузеска и укажа дека ваквата пресуда е дело на контролираното правосудство од Христијан Мицкоски и најсилен доказ дека кога ВМРО ја контролира државата, нема правда, судството не им служи на граѓаните, туку за спас на криминалот на власта.




Слично

Поврзани вести