Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија ќе се најде пред пратениците?

Кога Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија ќе се најде пред пратениците?

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија месецов ќе се најде пред пратениците. 

Тој биде ставен на дневен ред на Собранието на седницата која ќе се одржи на 15 јануари.

Предлог-законот кон крајот на декември помина и на Комисијата за надворешна политика.

Договорот резултира како крај на петгодишниот процес на МНР, а е надградба на договорот од пред 28 години.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година меѓу премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, кои го претставија како договор за зацврстување на пријателските односи. Договорот ќе има влијание на економијата и ќе придонесе за соработка во туризмот. 

Бугарското Собрание го ратификуваше договорот. 

Слично

Поврзани вести