Кога Димитров ќе се сретне со Сијарто за да разговараат за Груевски?
Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, изјави дека Македонија нема интерес да ги влошува односите со никого, а бегството на екс премиерот, Никола Груевски го нарече лекција за тоа колку е важна соработката меѓу државите од регионот.
„Ова е проблем и за Македонија и за ЕУ и за принципот на владеење на правото. Имаме сега сложен проблем и ќе ги земеме во предвид сите наши интереси и со интересите за добри односи со Унгарија. Со унгарскиот министер Сијарто ќе се сретнам на НАТО министерскиот состанок во Брисел, на кој отворено ќе разговараме за овие работи. Ќе мораме да продолжиме да инстираме дека за никого за нас, за Унгарија, дека не е добро кога има неселективна правда“, вели Димитров
Димитров дека претседател на една странска земја не може да ги коментира судските одлуки на друга земја, мислејќи на српскиот претседател, Александар Вучиќ. Тој го нарече парадокс фактот дека лице како Груевски, кое е осудено и осомничено во неколку случи, може да добие азил во земја членка на ЕУ, како што е Унгарија.
Вучиќ деновиве кажа дека мерцедес како оној што го купил Груевски имал купено и нивниот екс претседател, Борис Тадиќ. Тој се чудеше за што Груевски треба да лежи две години затвор.
