Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога да очекувате дестабилизирање на времето?

Кога да очекувате дестабилизирање на времето?
Денес како и во текот на целиот викенд може да очекуваме доста променливо време со високи температури и сонце, но и временска нестабилност на поединечни места. Ќе дува умерен југозападен ветер, кој во западните делови ќе се засилува.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 35 Целзиусови степени.

Утре нашето подрачје ќе биде зафатено од влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјата. Локално процесите ќе бидат понтензивни.

Од понеделник времето ќе биде променливо, посвежо, а кон средината на неделата со локални врнежи од дожд, прогнозира УХМР.


Слично

Поврзани вести