Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОГА БЕВ ДЕЛ ОД ВЛАДАТА, БИ МИ БИЛО НАЈЛЕСНО ДА КАЖАМ ДА СЕ ПРЕКИНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЗА ДА СИ ГО КРЕНАМ РЕЈТИНГОТ“: Петровска вели кога си власт, одговорноста е многу поголема

„КОГА БЕВ ДЕЛ ОД ВЛАДАТА, БИ МИ БИЛО НАЈЛЕСНО ДА КАЖАМ ДА СЕ ПРЕКИНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЗА ДА СИ ГО КРЕНАМ РЕЈТИНГОТ“: Петровска вели кога си власт, одговорноста е многу поголема

Во синоќешното гостување на Канал 5 телевизија, екс министерката за одбрана, Славјанка Петровска, истакна дека лесно е да кажете дека ги прекинувате сите разговори со ЕУ за да си ја кренате популарноста.

И ако ме прашате мене и од оваа перспектива и тогаш кога сум била дел од Владата, јас ќе ви кажам дека мене ми било најлесно да кажам прекинете ги сите разговори со Европската унија ако сакам да бидам популарна и да си го кренам сопствениот рејтинг. Меѓутоа знаете кога? Кога седиме во одредени позиции, особено кога сме дел од власта, без разлика дали сме дел од влада, претседател на држава или парламентарно мнозинство, одговорноста е многу многу поголема. Тоа што вие го ветувавте, да упростам, тоа што вие го ветувавте пред изборите, а тоа е дека ќе има нова преговарачка рамка, дека нашите позиции ќе бидат многу подобри од тоа што биле во времето на СДСМ и тн., вие досега требаше да го ставите на хартија, да го издејствувате кај Европската унија, бидејќи со неа преговараме, да ја промените преговарачката рамка, бидејќи таа ни е усогласената преговарачка рамка и да се вратите дома и да речете колеги од опозицијата, СДСМ, ДУИ и тн., ова е тоа кое што успеавме со нашата напорна меѓународна политика и тн., дипломатска офанзива, стратегии и тн., да го издејствуваме и да го видиме на маса како официјален предлог и да знаеме дека кога сите во парламентот ќе гласаме за тоа, дека следниот чекор ќе биде продолжување на преговорите со Европската унија“, рече таа.






Слично

Поврзани вести