Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

„Кога Академик проф. д-р Владо Камбовски ќе каже „Пред себе имаме една одлична докторска дисертација која ги задоволува сите критериуми на научен пристап и методологија и има особена вредност бидејќи доаѓа од кандидат кој извршил длабинско скенирање на казнената постапка и има драгоцен придонес кон претстојната натамошна реформа на казненото процесно право...камо среќа да имаме повеќе вакви анализи и кандидати. Па што остана да кажеме ние други“, напишала Руже Слезинковска на својот фејсбук профил, споделувајќи фотографии од одбраната на докторската дисертација на јавната обвинителка Фатиме Фетаи. 

За Руже Слезинковска е наведено на нејзината фејсбук страница дека е вработена во Јавното обвинителство.

Инаку, пред неколку дена јавната обвинителка Фатиме Фетаи објави дека станала доктор на науки, откако го одбрани докторскиот труд на тема „Главна расправа во практиката – предизвици и дилеми“ на правниот факултет „Јустинијан Први“. 

Освен нејзиното потесно семејство и пријателите, присутни на одбраната биле десетици колеги – судии, обвинители, адвокати. Со одбраната, Фетаи го доби највиското академско звање – доктор на науки. 

Фетаи сега е член Вишото обвинителство-Скопје, а претходно беше дел од Специјалното јавно обвинителство во тимот на Катица Јанева.

Слично

Поврзани вести