Коѕијас: Подготвена е кампања за Преспанскиот договор
Никос Коѕијас, поранешниот министер за надворешни работи кој го потпиша Преспанскиот договор, ја поддржа Сириза пред локалните избори во Грција и истакна дека грчката влада по завршувањето на летото подготвила кампања пред ратификацијата на македонско-грчката спогодба. Со итстата кампања треба да им се објасни и доближи Преспанскиот договор на грчките граѓани и да ги убеди полесно да го прифатат.
Искусниот дипломат не се согласува со слоганите на вчерашните студентски протести кои се огласуваа со „Политичарите ја предадоа Македонија“.
- На овие деца не им се предавало за Договорот од Букурешт, од кој нам најмногу ни припадна од Македонија, а други помали делови на други земји. Тие не научиле и дека грчката крајна десница ја подржувале тројната окупација на Грција, додека лево и централно-лево ориентираните дадоа отпор. Овие младинци не се наши непријатели, туку некој се обидува да ги дезориентира - рече Коѕијас.
