Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕијас песимист дека Македонија ќе добие покана од НАТО на самитот во јуни

Коѕијас песимист дека Македонија ќе добие покана од НАТО на самитот во јуни

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, не гледа оптимистички дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО уште на самитот на алијансата во јуни. Тој во интервју за грчкото радио 247 вели дека станува збор за краток временски период.

Министерот објасни дека договорот треба да се ратификува низ повеќе фази и инстанци, а веќе е април.

– Тие сакаат да распишат референдум. За референдум во земјата пријател на север, потребни се два месеци. Само за референдумот ќе дојде јуни. А откако ќе се заврши со референдумот, договорот ќе треба да оди во Собранието, а и за тоа треба половина месец или еден месец. Откако ќе стигне во Собранието, ќе треба тоа да направи уставни измени. За да имаме договор, ќе треба да се согласиме за уставни промени. Што значи ќе стигне есен - наведе Коѕијас.

Слично

Поврзани вести