Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕијас: Историјата мора да биде лекција, а не затвор

Коѕијас: Историјата мора да биде лекција, а не затвор

Грчкиот екс министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој заедно со македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров го потпиша Договорот од Преспа го поздрави изгласувањето на уставните измени во македонското Собрание. 

„Зборував со Зоран и со Никола. Се потсетивме на тешкотиите, заморот, тензиите, довербата и надежите што ги имавме, работејќи на договорот. Сонувавме за заедничка иднина на двата народа. Северна Македонија, добредојде во нашиот живот. Историјата мора да биде лекција, а не затвор”, напиша Коѕијас на неговиот Твитер профил.

Многу политичари од регионот и пошироко ги поздравија уставните измени. Со 81 глас „За“, се изгласани уставни измени попладнево во Собранието. 

Слично

Поврзани вести