Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕијас деновиве во посета на Скопје

Коѕијас деновиве во посета на Скопје

Грчкиот министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас во следните денови доаѓа во Скопје, објави грчката телевизија Алфа.

Во прилогот емитуван во централното издание на вестите на грчката телевизија Алфа, новинарката повикувајќи се на свои извори вели дека започнува клучна недела за преговорите, а Коѕијас на неговиот македонски колега ќе му ја достави нацрт-спогодбата што ја подготвува грчката страна.

Според информациите на телевизијата, Коѕијас се очекува да го посети Скопје во следните денови со првиот лет што ќе слета на аеродромот што ќе го носи новото име „Меѓународен аеродром Скопје“.

Грчкиот министерот за надворешни работи на посетата ќе го достави и грчкиот предлог, во кој според истите извори, во последните 24 часа се средуваат деталите, објави грчката ТВ Алфа, пренесува МИА.

Според  грчката телевизијата Алфа, во нацрт спогодбата од грчка страна, освен името, вклучени ќе бидат и промените во Уставот што Атина ги бара од Скопје за „отстранување на иредентизмот“.

„Кога ќе постои договор, тој ќе биде комплетен “, изјави за Алфа, функционер од грчката влада.

Грчките медиуми, како што јави дописникот на МИА од Атина, во изминатиот период, интензивно објавуваат дека шефот на грчката дипломатија, до крајот на месецов ќе го посети Скопје, како симболичен потег, по преименувањето на аеродромот, но и за лично да му ја предаде нацрт-спогодбата на Никола Димитров.

За овие информации за можна посета на Никос Коѕијас на Скопје, официјално не постои, ниту потврда ниту демант. 

Слично

Поврзани вести