Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коѕијас: Атина и Скопје сфатија дека треба да работат со консензус и компромис

Коѕијас: Атина и Скопје сфатија дека треба да работат со консензус и компромис

Атина и Скопје сфатија дека треба да работат на основа на консензус и компромис доколку сакаат  да се отвори патот на Македонија кон ЕУ.

Ова е дел од изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас дадена во интервју за весникот „Етнос“

Коѕијас потенцира дека мора да се најде решение за спорот со името со цел да се отвори патот на Македонија кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи

„Во случајот со ПЈРМ, нашите соседи веруваа дека можат да продолжат со приклучување кон овие организации без договор со нас, нешто што е невозможно, додека некои од нас, пак, веруваа дека инертноста во надворешната политика е наше оружје - вели Коѕијас.

„На сите наши соговорници сега им е јасно дека мора да се најде чесен компромис за прашањето за името со нашиот северен сосед. Вистина е, исто така, дека некои од ЕУ во минатото создаваа илузии дека патот кон членство во Унијата и во други организации може да биде отворен без компромис“, смета Коѕијас, прашан дали е сега моментумот за решавање на спорот за името со Скопје.

Разговорите за името меѓу Македонија и Грција со посредство на претставикот на ОН Метју Нимиц по долга пауза ќе продолжат во Брисел на 11 и 12 декември.

Слично

Поврзани вести