Коѕиас: Ние сакаме оваа мила наша северна земја да влезе и во НАТО и во ЕУ
Грчкиот министер за надворешни работи, Коѕиас денеска во Скопје уште еднаш ја повтори грчката поддршка за евроатлантскиот пат на целиот Балкан, но додаде дека за членство во НАТО стојат одлуките од Букурешт и со нивно реализирање „оваа земја ќе стане членка на НАТО“.
„Ние сакаме оваа мила наша северна земја да влезе и во НАТО и во ЕУ, но по правилата на двете организации. Народот на оваа земја е горделив народ, знам дека два и пол пати секој жител од оваа земја доаѓа во Грција. Има многу забелешки и критики, би рекол постои лудост, но искрено во срцата се сакаме“- рече Коѕиас.
Тој вели дека историјата треба да биде училиште и упатство за подобра иднина.Македнскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров рече дека имале отворен и долг разговор за прашања од заеднички интерес и додаде дека Владата нема скриени агенди, туку ги реафирмира приоритетите на надворешната политика, вклучувајќи добрососедски односи и регионална соработка.
