Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коџабашев ја обвини Македонија дека го попречува правото на здружување на Бугарите

Коџабашев ја обвини Македонија дека го попречува правото на здружување на Бугарите

Бугарскиот заменик министер за надворешни работи Костадин Коџабашев ја обвини Македонија дека ги загрозува правата на Бугарите. 

Вели дека бугарското малцинство има право на здружување. Според него, крајно е неприфатливо да се користи наратив, вклучително и законодавни иницијативи со кои непринципиелно се искористуваат теми поврзани со фашизмот, антисемитизмот и тероризмот со цел да се ограничат основните права и да се влошат добрососедските односи. Вели дека ќе ја поддржат Македонија на патот кон Европската Унија(ЕУ) само ако ги почитува правата на Бугарите. 

Тој потсети дека согласно Договорот за добрососедство создадена е посебна Комисија за „надминување на историските противречности“ и нејзините активности „не може да се заменат со ниту една новоформирана структура“.

Но, бугарскиот Благоевград забрани да се отвора македонски клуб „Никола Вапцаров“. Тие велат дека ова е провокација и не им дозволуваат на Македонците од Бугарија да имаат свој клуб. Македонците од Бугарија реагираа дека името воопшто не е контроверзно, затоа што се работи за македонски поет. 

Македонија со протестна нота реагираше до Бугарија. 

Слично

Поврзани вести